Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинение за грабеж на финансиско друштво за брзи кредити

Обвинение за грабеж на финансиско друштво за брзи кредити

Постар и помлад ограбувач на финансиско друштво за брзи кредити добија обвинение за разбојништво како соизвршители.

На 27 ноември минатата година дошле пред просториите на финансиско друштво на улица „Васил Главинов“. Едниот обвинет, на возраст од 31 година, чувал стража пред вратата на објектот. За тоа време другиот обвинет, 63-годишен скопјанец, влегол внатре, на двајцата вработени им се заканил со пластичен пиштол, па од сефот и фиоките на финансиското друштво одзел 303.606 денари. 

Потоа двајцата се дале во бегство во правец кон Камениот мост, но таму ги пресретнале полицајци и ги лишиле од слобода, а парите им ги одзеле.

Основното јавно обвинителство до Основниот кривичен суд Скопје предложи продолжување на претходно определената мерка притвор.​​


Слично

Поврзани вести