Обвинение за гинекологот од Струга кој даваше услуги без дозвола за работа
Основното јавно обвинителство Струга денеска до надлежниот суд достави Обвинителен акт против 54 – годишен жител на Струга, кој го сторил кривичното дело – Давање здравствени услуги без дозвола за работа од член 304 – а од Законот за здравствена заштита, објави Тв 21.
Како здравствен работник – доктор специјалист по гинекологија и акушерство, обвинетиот давал здравствени услуги во простор за кој немал дозвола за работа. Имено, тој во просторија во неговата семејна куќа во која живее, подготвил ординација која не била регистрирана и означена. Здраствените услуги обвинетиот ги давал од 2013 до 2020 година со тоа што ги водел контролите на бременоста на повеќе пациентки. Наплатувал по 1.000 денари од пациентките, а за примените средства не издавал никаков доказ.
foto freepik
