Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинение за членот на полициското обезбедување на премиерот Мицкоски

Обвинение за членот на полициското обезбедување на премиерот Мицкоски

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го обвини Ангел С., кој беше дел од личното обезбедување на премиерот Христијан Мицкоски по три месеци од неговото апсење за оддавање службена тајна на лице првично поврзанп со наркоклан.

Информацијата за БИРН за поранешниот член на обезбедувањето на Мицкоски ја потврдија од ова обвинителство,  а обвинението е поднесено на 12 јуни.

Обвинетиот на 30 март годинава на паркингот пред хотел во Велес се сретнал со човек, кој сега е сведок во постапката и му покажал службени документи од МВР, што претставуваат службена тајна.

Во соопштението пишуваше дека обвинетиот му дозволил на човекот да ги снима документите, „кажувајќи му кој документ за што се однесува“. Целта била овие документи да бидат објавени на социјалните мрежи, за тоа требало да добие 50.000 евра од човекот за кого се однесувале.

Во меѓувреме притворот на Ангел С. му е продолжен до 13 јули. 


Слично

Поврзани вести