Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБВИНЕНИЕ ЗА „АВТОБУСКИТЕ“ НАСИЛНИЦИ - се закануваа дека ќе сечат глави и ќе топат во киселина

ОБВИНЕНИЕ ЗА „АВТОБУСКИТЕ“ НАСИЛНИЦИ - се закануваа дека ќе сечат глави и ќе топат во киселина

Двајцата насилници кои мактретираа граѓани во еден скопски автобус и за кои се прошири видео на социјалните мрежи, заработија обвинение. 

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица, жители на скопски села, двајцата на возраст од 31 година, кои како соизвршители го сториле кривичното дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Обвинетите на 5 ноември 2020 година, околу 17:30 часот, во автобус на ЈСП Скопје кој сообраќал на линијата бр. 7 во Скопје, грубо ги навредиле и ја загрозиле сигурноста на оштетениот возач и на патниците во автобусот. Обвинетите влегле во автобусот кај автобуската станица Рекорд без да носат заштитни маски, на што реагирале патниците предупредувајќи ги да носат заштита опрема. Тогаш обвинетите започнале грубо да ги навредуваат патниците и да ја загрозуваат нивната сигурност, велејќи им дека ќе ги убијат и ќе ги стават во киселина.  Потоа му се обратиле и на возачот на автобусот со барање да запре и да ја отвори вратата за да излезат пред да стаса на следната автобуска постојка. Возачот не ја отворил вратата, по што обвинетите продолжиле со грубо навредување и загрозување на неговата сигурност, му се обраќале со висок тон и удирале по внатрешноста на возилото. Со тие дејствија обвинетите  предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај оштетениот возач и патниците на автобусот“, се вели во соопштението од Обвинитѕелството.

Ова видео се прошири на осми јануари, каде се гледа дека двајца не само што не носат маски во автобус, туку и се закануваат со сечење глави и топење во киселина и ги напаѓаат граѓаните кои ги предупредуваат на ова однесување, но и на возачот во автобусот.

На ова видео на кое се гледа како двајца граѓани од земјава во автобус на јавниот превоз се буквално без маски, односно ги носат, но не им се покриени ниту устата ниту носот, веќе се шири на социјалните мрежи. Тие им се акануваат на луѓето во автобусот кои ги опоменуваат, со образложение „не знаеш ти кој сум јас“, како и дека „ќе ги стопат во киселина“.

Потоа МВР ги приведе двајцата насилници. 

Слично

Поврзани вести