Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ПЕТ ЛИЦА МЕЃУ КОИ И ДРЖАВЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ОД СТРУГА: во детска тепачка се вклучиле и родителите

ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ПЕТ ЛИЦА МЕЃУ КОИ И ДРЖАВЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ОД СТРУГА: во детска тепачка се вклучиле и родителите

Основното јавно обвинителство од Струга поднесе обвинителен предлог против пет лица за кривични дело „учество во тепачка“.

Настанот се случил на 17 август минатата година во луна паркот на улицата „Партизанска“ каде две 16-годишни деца започнале меѓусебна расправија и тепачка по што се вклучиле родителите на децата и други роднини. Тепачката  кулминирала така што едно од децата се здобило со тешки телесни повреди од удари со тупаници – скршеници на вилица, контузии на главата и телото, подливи и посекотини.

Еден од обвинетите, како што информира Јавното обвинителство, во моментот извршува функција државен правобранител за подрачјето на Струга.

Слично

Поврзани вести