Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица за убивање и мачење на кучето Феликс во Момин Поток по претходна кривична пријава.

„Двајцата соизвршители на 19.11.2024 година го изложиле на непотребни маки и му нанеле непотребни болки, изложувајќи го на страдање кучето Феликс, мажјак, црна боја, на возраст околу една година. Првообвинетиот со тврд дрвен предмет во облик на стап и без оправдана причина започнал да го удира со повеќе удари кучето во пределот на главата и телото, нанесувајќи му тешки повреди. 

Потоа, заедно со второобвинетиот го врзале со жица и така врзано го влечеле по дворот до контејнер, каде го фрлиле мислејќи дека кучето е мртво. Како последица на повредите, кучето угинало на 07.01.2025 година“, објави Обвинителството.

Доставен е предлог двајцата обвинети задолжително да се пријавуваат во судот.

Слично

Поврзани вести