Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ДЕМНАЧОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НЕГОТИНО - иако бил во притвор продолжил со заканите

ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ДЕМНАЧОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НЕГОТИНО - иако бил во притвор продолжил со заканите

Поднесено е обвинение против лице кое му се заканувало на градоначалникот на општина Неготино, обидувајќи да изнуди пари од него. Тој првичните закани ги започнал на 2 септември, и иако добил мерка притвор, продолжил да испраќа заканувачки пораки. 

- Основното јавно обвинителство - Кавадарци обезбеди докази и поднесе обвинение против едно лице, осомничено за кривични дела - „изнуда“ од член 258 став 1 во врска со член 19 (во обид), како и „загрозување на сигурноста“ од член 144 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик - информираат денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Појаснуваат дека лицето сакало за себе да прибави противправна имотна корист, и на 2 септември упатил сериозна закана дека ќе нападне по животот и телото на оштетениот - градоначалник на општина Неготино и неговото семејство, обидувајќи се да му изнуди сума од 3.000 евра. 

- Оштетениот не постапил по барањето и случајот го пријавил во полиција.

Во периодот од 04.09-18.09, испраќал заканувачки пораки кон градоначалникот со намера да го вознемири и заплаши, а дел од пораките ги адресирал и до официјалната адреса на општината, до адреси во МВР и до новинари - се потенцира во соопштението на ОЈО.

Со своите постапки, како што истакнуваат, кај оштетениот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв и за сопствената, но и за безбедноста на неговото семејство и за безбедноста на граѓаните на Неготино.

- Надлежниот јавен обвинител со обвинението побара продолжување на претходно определената мерка - притвор за обвинетиот, за кој постои реален ризик од бегство, бидејќи дел од неговото семејство живее во странство. 

Исто така, постојат околности што укажуваат на опасноста тој да го повторува делото, па дури и да ги реализира заканите и изнудата. 

Јавниот обвинител го имаше предвид и фактот дека истото лице веќе е осудено за кривични дела присилба и демнење на градоначалникот за кои му е изречена условна осуда и која обвинителството ќе побара да биде отповикана, бидејќи сѐ уште не е поминат периодот на проверка, а обвинетиот врши нови кривични дела - потенцираат од Јавното обвинителство.

Слично

Поврзани вести