Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинение доби вработениот од обезбедувањето на Сити мол кој лажно пријави бомба

Обвинение доби вработениот од обезбедувањето на Сити мол кој лажно пријави бомба

Обвинение за лажно пријавување заработи денеска вработениот во Агенција за обезбедување кој го обезбедувал ТЦ „Сити мол“, а кој пријави дека наводно има бомба во трговскиот центар.

„Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Лажно пријавување на кривично дело од член 366 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик.

Обвинетото лице се товари дека на 29 јануари во трговскиот центар „Сити мол“ каде бил вработен пријавил дека е извршено кривично дело – Предизвикување општа опасност за кое гонењето се презема по службена должност, иако знаел дека такво дело не е сторено“, соопшти Обвинителството.

Како што велат оттаму, обвинетиот 19-годишник бил вработен во трговскиот центар преку агенција задолжена за обезбедување на објектот. Од својот мобилен телефон тој пристапил на интернет страницата www.globefone.com и на неговиот претпоставен му испратил текстуална порака со содржина: „Напуштете го молот веднаш, има бомба“. Претпоставениот веднаш пријавил во полиција, по што била организирана и извршена евакуација на присутните лица во трговскиот центар. Во исто време била ангажирана и екипа од Одделот за антитероризам во МВР кои утврдиле дека во објектот нема поставено експлозивна направа.

„За лицето на сила се претходно определените четири мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска повремено да се јавува кај определно службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело“, велат од Обвинителството. 

Слично

Поврзани вести