Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБСЕ/ОДИХР во одбрана на Силјановска: Добива многу негативни коментари за изгледот и полот

ОБСЕ/ОДИХР во одбрана на Силјановска: Добива многу негативни коментари за изгледот и полот

Во извештајот од мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за досегашниот тек од изборната кампања за претседателските избори може да се забележи дека мисијата нагласува дека еден од кандидатите за шеф на државата, Гордана Силјановска, подлежи на дискриминирачки и неосновани критики за нејзината возраст и пол.

“Г-ѓа Силјановска Давкова се соочи со негативни родови стереотипи на социјалните медиуми, на пример коментари за нејзиниот изглед”, наведуваат од ОДИХР.

ОБСЕ/ОДИХР ја набљудува изборната кампања за претседателските избори и по тој повод го објави својот периодичен извештај за периодот од 11 март до втори април 

Од таму нотираат и дека генерално, жените се недоволно застапени во јавниот живот, но дека женските права и родовата еднаквост сѐ уште не се пројавија како истакнати прашања во кампањата.

Мисија за набљудување на изборите се состои од главен тим од 11 члена, со седиште во Скопје и 18 долгорочни набљудувачи.


Слично

Поврзани вести