Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБРАЗОВАНИЕ: Ако си за ВМРО може, ако си за СДСМ шамар!

ОБРАЗОВАНИЕ: Ако си за ВМРО може, ако си за СДСМ шамар!

Вчерашниот настан во кој наставеникот по информатика во основнотто училиште „Кузман Шапкaрев“ наместо да ги укори и прекине 14 годишните ученици, кои си играле политика, тој го нападнал момчето кое рекло дека во шегата ги застапува повредените пратеници. Родителот Дејан Кранфилофски од населбата Драчево не му верувал на својот син додека не забележал дека детето има црвенило на лицето.. До кога политиката ќе царува во образованието?


Последните состојби со јавно агитирање на професори врз ученици за актуелната политичка состојба во земјава па дури и агресивни напади врз неистомислениците со власта ги зовре социјалните мрежи. Родителите, наставниците, јавноста бараат најостра осуда и одговорност за просветните работници и директорите на училиштата кои наместо да ги едуцираат ги користат учениците за партиски цели или им вршат директни притисоци ако тие или нивното семејство не се поддржувачи на власта.

Санкции мора да има- вели професорот Владо Димовски. Според него евидентно е дека во образованието во последниве години се вработија многу партиски и нестручни кадри кои одработуваат партиски агенди и вршат строга контрола над децата.

“Состојбите во државава не се за пофалба. Вакви насилства од страна на избраници од народот веќе имавме видено во 2012 година но и тогаш и сега тие се сокриваа зад недолжни граѓани или инструирани граѓани за нив да извршат насилство. Секако дека оваа ситуација има големо влијание во образованието. Евидентно е дека во образованието во последниве години се вработија толку многу партиски нестручни кадри на кои најмалку им е гајле за квалитетот на учењето туку одработуваат партиски агенди и вршат строга контрола над децата кој од какво семејство потекнува и чии родители се од оваа или онаа политичка провиниенција”- вели Димовски.

За да се покрие неквалитетот во образованието додава дека се користат секакви методи на притисок врз децата, родителите. Тоа според него еден ден мора да престане бидејќи секој наставен кадар во иднина мора да си го најде своето вистинско место во образовниот систем доколку е квалитетен, стручен, вреден и чесен да воспитува ученици.

“Во вакво партизирано и неквалитетно образование тешко ќе најдете родител (чест на исклучоците и храбрите родители) кој е од истата политичка провиниенција со сторителот да реагира на начин како што треба да се реагира за да го заштити своето дете. Веднаш тука стапува на сцена партиската машинерија која со најразлични методи прво преку директорите на училиштата па потоа преку комитетите да ги разубедат родителите или да ги заплашат да не реагираат и да ја заташкаат работата. И се тоа ќе ви го прикажат дека е во интерес на образованието на вашето дете. Будалаштина. За нестручните и неквалитетните не треба да има место во образованието, па макар и да биле најголемите вејачи на партиски знамиња на митинзи”- додава генералниот секретар на ЦЕнтарот за меѓуетничка толеранција.

Место во наставата смета Димовски не треба да има ниту за поддржувачите и повикувачите на насилства од редовите на активниот наставен кадар.

“Иако лично ја познавам колешката од гимназијата Корчагин која го одобруваше насилството што се случи во Законодавниот дом не би можел да кажам во каква ситуација го сторила тоа што го сторила и дали тоа го направила под некаков притисок или препорака. Но мое мислење е дека погрешила. Гледав и читав по социјалните мрежи дека е покрената иницијатива за собирање потписи-петиција за санкционирање, но реакциите остануваат на одговорните, доколку се одговорни нели? Длабоко сум убеден и голем поборник на тоа дека најитно треба да се работи на менталниот склоп на раководните лица –Директорите, педагозите, психолозите и други разни заменици, помошници и раководители во училиштата за да не ни се случуваат вакви и слични работи во иднина. Не е далеку времето кога имавме две различни контрадикторни партиски наредби за некои директори. Од заклучување на вратите во училиштата на средношколците да не излегуваат на средношколски протести каде ги бранеа своите права и бараа квалитетно образование се до намерно хушкање и организирање оваа година масовно да излегуваат на протести со иницијативата за заедничка Македонија”- потенцира Димовски.

Состојбите како што вели излегоа од контрола па политичката криза веќе се прелеа и во училиштата. Според Димовски потребни се итни мерки и санкции од просветниот инспекторат и Министерството за образование и наука.

“Последниве примери укажуваат на тоа. Наставник натепал ученик, професорка поддржува насилства, директори повикуваат на протест ученици. Зарем треба да ни се случат немили настани, нереди или инциденти недај боже па да се справуваме со нив после. Треба да се преземат најитни мерки да се делува превентивно за да не дојде до слични ситуации како денешнава во Драчево и во другите училишта. Кога велам дека состојбите се прелеани мислам веднаш на детските игри па макар биле тие на шега дека децата веќе низ нивните игри си играат спротивставени политички страни. Зарем не се прелеани состојби со држењето патриски состаноци во училиштата, држење партиски говори пред учениците или хушкањето и организирањето на децата да излегуваат на протести кои не се однесуваат на нивната главна мисија-учењето? Тоа е за жалење но пак ќе повторам треба да се менува менталниот склоп кај некои воспитивачи кои би биле спречувачи на ваквите прелевања на состојбите во училиштата”- додава професорот Димовски.

Последиците од ваквите состојби во образованието вели веќе се катастрофални, а постои сериозна опасност од поттикнување на меѓуетнички конфликти помеѓу младата популација која лесно се манипулира и втурнува во состојби од кои тешко се наоѓа излезот.

“Квалитетот на настаниот кадар секогаш влева доверба кај учениците. Доколку не се врати квалитетот кај наставниот кадар целосната доверба во образовниот процес ќе се изгуби и ќе има уште покатастрофални последици. Во подолг период изминативе години како генерален секретар на Центарот за меѓуетничка толеранција предупредував дека во Македонија меѓуетничките односи се многу кревки и дека многу малку треба тие да се прелеат од политичка сцена помеѓу граѓаните. Ова го зборувам од разни показатели и разни истражувања кои сме ги работеле изминатриов период на целата територија на Република Македонија. Политичарите многу вешто во последен период ги подгреваат меѓуетничките односи што им претставува единствено лесно орудие за да ги прикријат своите грешки и постапки. Знаете, суетноста и самобендисаноста никогаш не воделе кон добри работи. Многупати тврдев и сеуште тврдам дека Македонија никогаш немала подобри меѓуетнички односи и меѓуетничка сплотеност и сега некои сакаат тоа да го расипат на сметка на граѓаните, а за спас на сопствената кожа”- тврди Димовски.

Република Македонија како што вели има законските прописи во делот на прекршочните, кривичните дела и другите регулативи за санкционирање на ваквите состојби но се доведува во прашање нивното почитување и спроведување. Оттука се потребни итни законски измени кои ја третираат оваа проблематик, а со кои ќе се регулираат и санкционираат сите неправилности и аномалии во образованието, па наместо за уназадување на образовниот процес и воспитание ќе се зборува за развој и успех.  

С.Б.

Слично

Поврзани вести