Економија, финансии, бизнис

Контакт

О'БРАЈАН: Граѓаните имаат избор - визија за ЕУ или ветувања

О'БРАЈАН: Граѓаните имаат избор - визија за ЕУ или ветувања

Помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Џејмс О'Брајан упати јасна порака,  граѓаните на Македонија да одлучат помеѓу партија што нуди визија, наспроти партија што само ветува. 

Тој порача дека граѓаните треба да побараат одговор од оние кои што даваат само ветувања.

„Од граѓаните на Северна Македонија е да одлучат за нивниот пат понатаму. Сметам дека една партија предложи пат што води напред и прифаќа критики, за што, на некои луѓе им се допаѓа или не им се допаѓа таа насока. Друга партија ветува дека ќе смисли начин, со кој што ќе се оди напред. И мислам дека е фер, граѓаните да ја прашаат таа партија, за овој нон пејпер и тие да одлучат помеѓу визијата која што ја знаат и помеѓу она што се дава како ветување“, рече О'Брајан. 

Но, од ВМРО-ДПМНЕ не се пронаоѓаат во оваа изјава. 

Слично

Поврзани вести