Oбожаватели и новинари ќе ја пречекаат Тамара на аеродром
Новинарски екипи на скопскиот аеродром го чекаат пристигнувањето на Тамара Тодевска, македонската претставничка на Евровизија, која го освои најдобриот пласман до сега. Се очекува таа да пристигне во секој момент од Тел Авив.
На аеродромот е веќе поставена бина, каде најверојатно Тамара ќе се обрати и ќе ја испее песната „Proud“ со која настапи на европскиот фестивал.
Слично
