Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБНОВЕНО: Мртвата лекарка била најдена во својот дом, а не во дворот на Клиниката

ОБНОВЕНО: Мртвата лекарка била најдена во својот дом, а не во дворот на Клиниката

Повикувајќи се на полициски извори медиумите пренесоа дека лекарката од Клиниката за нефрологија била најдена мртва синоќа во нејзиниот дом на улицата Елисие Поповски.

Докторката е идентификувана како Ј.М.С. (53) од Скопје а полициски извори посочуваат дека нејзиниот сопруг бил повикан на разговор.

Засега информациите се неофицијални дали се работи за убиство или самоубиство и се додека МВР не го потврди случајот дотогаш се останува шпекулација.

Жената како што објавивме имала повреди од нож во вратот исеченици по рацете, како и исечени вени на рацете. Tелото на починатата е предадено на обдукција.

МВР со повеќе детали во текот на денот.

Слично

Поврзани вести