Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ОБНОВЕНО) Детали од МВР за сообраќајката кај Демир Капија: Четворица мигранти пренесени на Скопските клиники

(ОБНОВЕНО) Детали од МВР за сообраќајката кај Демир Капија: Четворица мигранти  пренесени на Скопските клиники

Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен со детали за синоќешната тешка сообраќајна незгода којашто се случи на автопатот Демир Капија-Неготино.

Сообраќајката се случила помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Фејтон“ со скопски регистарски ознаки во кое се превезувале 13 мигранти, три од Бангладеш и 10 лица од Пакистан, товарно моторно возило со приколка марка „Сканија“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Љ.Д. (61) од Кавадарци и патничко моторно возило марка „Адрија Матрикс“ со српски национални ознаки, управувано од С.Ч.(52) од Република Србија.

Возачот на возилото во кое се превезувале мигрантите го напуштил местото на незгодата, а во сообраќајката едно дваесет годишно лице од Бангладеш починало, а тринаесет мигранти се повредени.

Повредените мигранти биле пренесени во болницата во Кавдарци, четири лица од нив кои биле со потешки повреди се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и екипа од Полициската станица Неготино и се преземаат мерки за расчистување на случајот. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.


Слично

Поврзани вести