Обновениот центар за згрижување на деца треба да биде отворен во мај во Шуто Оризари
Кога во 2017 година изгоре единствената градинка во скопската општина Шуто Оризари, над 300 деца одеднаш прекинаа со образованието. За ромските семејства кои живеат во еден од најсиромашните делови на градот, ова беше катастрофа. Родителите кои веќе се бореа да направат рамнотежа во грижата за децата и заработката, треба да се соочат со уште една пречка во обезбедувањето квалитетно предучилишно образование. Привремените објекти во локалното средно училиште во кои беа префрлени нивните деца немаа услови да служат како соодветна замена за градинката, стои на веб страницата на УНДП. Но, тие нема да мораат да ги трпат ваквите услови предолго.
Во 2019 година, благодарение на поддршката на Кралството Норвешка преку УНДП, градинката беше изградена повторно подобро од порано и беше повторно отворена за жителите на Шуто Оризари. Сега, установата им овозможува на децата Роми еднакви можности за квалитетно образование во раното детство преку обезбедување соодветни простории за учење, рекреација, грижа и хигиена. Помагајќи им на повеќе од 200 семејства да обезбедат квалитетна грижа и образование за нивните деца од предучилишна возраст, проектот за реконструкција имаше многу пошироко влијание врз заедницата.
„Четириесет години по изградбата на првата градинка, која за жал ја изгубивме во пожар пред неколку години, се чувствувам како најгорд градоначалник затоа што Општина Шуто Оризари ќе има најмодерна, енергетски ефикасна градинка изградена според европски стандарди и ќе биде прв таков објект со зелен покрив. Нашите најмлади заслужуваат пристојни предучилишни услови, што е првиот чекор што мора да го направиме ако сакаме да очекуваме нивно понатамошно вклучување во образовниот систем со крајна цел да станат горди и успешни идни градители на нашето општество” - рече Курто Дудуш, градоначалник на Шуто Оризари.
Но, работата не запре тука. По неколкумесечни интензивни градежни работи, втората фаза од проектот за реконструкција - проширување на градинката со втора зграда - е при крај и се очекува да биде отворена во мај 2021 година. Новата зграда ќе го зголеми капацитетот на градинката и исто така ќе биде центар за згрижување кој ќе обезбеди грижа за околу сто деца на улица на возраст меѓу 5 и 13 години, нудејќи целодневен престој под надзор на осум професионални социјални работници.
Нарин Сахакијан, постојан претставник на УНДП во земјата, истакна дека УНДП го поддржува вклучувањето на Ромите, како во земјата, така и низ целиот регион, повеќе од една деценија.
„Силно веруваме дека проширувањето на обезбедувањето предучилишна грижа и образование е од витално значење, почетна точка за надминување на сиромаштијата и невработеноста на Ромите“, вели таа.
За време на неодамнешната посета на Шуто Оризари, премиерот Зоран Заев зборуваше за влијанието на обновата на единствената градинка во општината.
„Би сакал да им се заблагодарам на Кралството Норвешка и канцеларијата на УНДП во Северна Македонија за спроведувањето на овој одличен проект. Децата во Шуто Оризари ќе имаат можност да го продолжат своето образование во модерен и енергетски ефикасен објект изграден според највисоките стандарди за предучилишно образование “, рече тој.
За 17.000 жители на Шуто Оризари, обновената градинка и центар за згрижување „8-ми Април“ обезбедува излез од широко распространетата дискриминација.
