Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Обнова на опремата за противпожарните служби и на бројот на пожарникари“: Левица бара поголема грижа за граѓаните

„Обнова на опремата за противпожарните служби и на бројот на пожарникари“: Левица бара поголема грижа за граѓаните

По објавата од страна на првиот човек на Центарот за управување со кризи, дека има недостиг на пилоти и на вработени за гасење пожари, реакција и од политичката партија „Левица“. 

- Државата оставена со застарена противпожарна техника, недоволен број на пожарникари и без пилоти за канадерите. Македонија и ова лето сe соочува со недоволен број на пожарникари, застарени противпожарни возила, неупотреблива техника за справување со пожари и без пилоти за канадерите. Во време на високи температури и метеоролошки предупредување за исклучително топло и суво лето, опасноста од појава на пожари во македонските шуми и планини е огромна - потенцираат од „Левица“.

Од таму предупредуваат дека дополнителен застрашувачки проблем што се наметнува кон овие скромни ресурси за борба против пожари е недостатокот на пилоти за трите канадери кои беа на одржување во Шпанија. 

- Од тројцата пилоти за канадерите, останат е само еден, а според правилата за ЦВП, со еден пилот не може да се добие дозвола за летање. Заштитата на граѓаните од пожари која треба да ја обезбеди државата е на исклучително ниско ниво!  

Просечната старост на сегашната опрема изнесува 35,6 години, што е доказ дека во заедничкото владеење на ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ изминативе повеќе од триесет години, воопшто не е вложено во оваа сфера - нагласуваат од „Левица“. 

Од партијата посочуваат дека бараат итно да се преземат превентивни мерки против појава на пожари! Дополнително итно обновување на севкупната опрема потребна на противпожарните служби и исполнување на потребните минимумални стандарди, како и надоместување на неопходниот број на пожарникари, со цел постигнување на целосна оперативна подготвеност и територијална покриеност.

Фото: Архива

Слично

Поврзани вести