ОБЛЕЧЕТЕ СЕ УБАВО, ДЕНЕСКА ЌЕ ДУВА СИЛЕН ВЕТЕР - температурите под просекот, еве што не очекува оваа работна недела
Според метеопрогнозерите на почетокот од оваа работна недела не очекува стабилно, но ветровито и ладно време.
Температурите како што најавуваат синоптичарите ќе бидат под просекот за овој период од годината.
- Засилен северен ветер ќе дува во текот на денот, со брзина од над 70 километри на час, а наместа ќе има услови за провејување на слаб снег - информираат од УХМР.
Температурите денеска ќе се движат од минус осум до 1 степен наутро, и од нулата до 10 степени преку ден.
Очекувано најниски температури ќе има на планините, каде и снежната прекривка е поголема, а најтопло ќе биде на југот, поточно во Гевгелија и Дојран.
Како што најавуваат метеоролозите во следните денови времето ќе биде стабилно и ветровито, со температури под просекот за овој период од годината.
Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните во постепен пораст.
Слично време не очекува и во наредните денови.За вторник според УХМР може да очекуваме ведро и студено утро, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Еве како ќе биде во наредните денови:

Фото: Принтскрин/Фејсбук
