Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБЛАЧНО, ВРНЕЖЛИВО И ПОСВЕЖО, интензитетот на врнежите ќе се зголемува

ОБЛАЧНО, ВРНЕЖЛИВО И ПОСВЕЖО, интензитетот на врнежите ќе се зголемува

Под влијание на циклонска активност денеска времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе бидат обилни (над 25 литри на метар квадратен за 24 часа). Локално ќе биде нестабилно со поинтензивен пороен дожд и грмежи (над 30 литри на метар квадратен за 12 часа), особено во југоисточните и источните делови од земјава. Повремено ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта ќе бидат пообилни и поројни. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер, особено претпладне. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 15 степени.

Според УХМР променливо облачно со локални врнежи од дожд не очекува и во понеделник. Во утринските часови во источните делови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Додека во попладневните часови на повеќе места низ земајва ќе има и сончеви периоди. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од западен и северозападен правец.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен северозападен ветер.

Променливо облачно време ќе се задржи и во следните денови, претпладне со повеќе сончеви периоди, а во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од југоисточен правец.

Слично

Поврзани вести