ОБЛАЧНО И ДОЖДЛИВО - од вторник раст на температурите
Синоптичарите за денеска најавуваат претежно облачно време со повремен локален дожд со слаб интензитет. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје исто така облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Слично време не очекува и во текот на утрешниот ден, кога ќе биде претежно облачно со слаб до умерен јужен ветер. И во Скопје облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Од вторник облачноста ќе се намалува, ќе имаме променливо време со слаб до умерен ветер. Температурата ќе биде повисока од вообичаената за овој период од годината. Во продолжение деталите за времето следната недела

Слично
