Објавиле видеа со лажни закани за терористички напад во Скопје, полицијата ги уапси
Приведени се тројца скопјани кои објавиле видеа со лажни закани за терористички напад.
По објавата на два видео клипа на „Тик ток” со лажни закани за можен терористички напад во еден трговски центар во главниот град на 28 ноември годинава во 19 часот, веднаш МВР-БЈБ-Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал/Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам, СВР Скопје и Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика и Агенцијата за национална безбедност преземале мерки. Утврдени се и лицата- можни креатори на лажните видеа. Известен е јавен обвинител, по чии насоки се обезбедени наредби за претрес на дом кај Н.С. во селото Студеничани и У.И. во Скопје. При претресот на втората локација најдени се дигитални уреди преку кои се објавени лажните видеа. Приведени се Н.С., У.И., како инеговиот син А.И.. Во службениот разговор, А.И. признал дека тој ги изработил и пласирал лажните видеа. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.
