Економија, финансии, бизнис

Контакт

Објавија дека Фон дер Лајен ќе се обрати пред „северномакедонскиот парламент“, па го избришаа твитот

Објавија дека Фон дер Лајен ќе се обрати пред „северномакедонскиот парламент“, па го избришаа твитот

Наместо македонски, Европската комисија(ЕК)  употреби термин северномакедонски, па се коригираше. 

ЕК попладнево на Твитер објави дека претседателката Урсула фон дел Лајен утре во Скопје ќе се сретне со, како што пишува во објавата „северномакедонскиот претседател Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски“. По околу половина час, твитот го избришаа. Фон дел Лајен во 13 часот ќе има обраќање во „северномакедонскиот парламент“, објави во твитот официјалниот налог на Европската комисија на социјалната мрежа. Утре напладне ќе има протест во Скопје. Полицијата најави дека ќе ја гарантира безбедноста на Собранието и пратениците. 

Фото: Твитер/принтскрин


Слично

Поврзани вести