„ОБЈАВЕТЕ БАРЕМ ЕДЕН ДОКАЗ ДЕКА СОРАБОТУВАМ СО ТАЈНИ СТРАНСКИ СЛУЖБИ“: Жерновски за обвинувањата дека е домашен предавник
Озбилно?
Ајде вака, веднаш да ви понудам еден чесен предлог:
Не чекајте. На страна клеветата за која заслуживте тужба. Објавете барем еден доказ или документ дека соработувам со некакви тајни странски служби и јас во наредните 5 минути ќе се повлечам од политиката, ќе им се извинам на граѓаните и на членовите на моето семејство и сам ќе се предадам на органите за прогон. Немам друго државјанство, ниту сум аплицирал за друг пасош (на пример, за бугарски), што значи дека процедурата ќе биде прилично едноставна. Во ред? Ајде, чекам.
А сега, да се вратиме на вашите наивни, прилично аматерски и веќе крајно провидни обиди за дефокусирање на јавноста од аферите и проблемите во кои сте до гуша.
Како е можно да донесете одлука токму тој да одржи прес конференција кога се наоѓате во екот на морбидната афера во која родителите на трагично загинатите велат дека Мицкоски побарал од нив да си ја одредат цената за нивните деца.
Во било која друга земја, по вакво обвинување, премиерот си дава оставка веднаш! Не чека разни изгубени Милевци да го вадат од калта.
Поминува и третиот ден, вие уште молчите. Зошто?
Не ги потценувајте граѓаните. Тие мошне внимателно го следат и анализираат секој ваш чекор, особено затоа што во огромен број ви ја дадоа својата доверба.
Самите знаете колку ја оправдавте“, напша тој.
