ОБЈАВЕНО ВИДЕО ОД КУМАНОВО: Од улица пука кон Шаини, па бега
На социјалните мрежи се појави видео од моментот кога непознато лице пука кон докторот Зекирија Шаини - ноистел на советничката листа на ДУИ во Липково.
Лицето пука во него и веднаш се упатува кон непознат правец.
Кон Шаини биле истрелани два до три куршуми во близина на зградата на Фондот за пензиско осигурување.
„Денеска (07.10.2025) во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од улиците Димитрије Туцовиќ со улицата 11 Октомври две лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило „фолксваген голф“, управувано од З.Ш.(43) од селото Слупчане, општина Липковo“, соопшти МВР.
Обвинителството пак, соопшти дека на местото на настанот биле излезени двајца јавни обвинители.
„Во пукањето е повредено едно лице, а по напаѓачот се трага. Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент, но сите околности се проверуваат“ рекоа од Обвинителството.
