Економија, финансии, бизнис

Контакт

Објавено што поседува министерот Фатмир Лимани: Шума и ауди од 15.000 евра

Објавено што поседува министерот Фатмир Лимани: Шума и ауди од 15.000 евра

Фатмир Лимани, новиот министер за социјална политика, демографија и млади, за прв пат стапува на државна функција во својата политичка кариера и го објави анкетниот лист со својата имотна состојба во Државната комсиија за спречување на корупција.

Лимани е внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, но во 2021 ги напушти „Интегративците“, се кандидира како независен кандидат за градоначалник на Кичево, апотоа се приклучи кон редовите на албанската опозициска коалиција „Вреди“.

Лимани пријавил само шума во Колари стекната со денационализација со пријавена вредност од 205.200 денари. 

Од возила, пријавил audi A5 coupe, произведнео во 2015 и со сегашна вредност од 15.000 евра.Лимани пријавил и мотор yamaha midnight од 1.000 евра.

Лимани навел во анкетниот лист девизна и трансакциска сметка, но без познати суми.


Слично

Поврзани вести