Објавено писмото на Груевски до Хан, Могерини и другите
Никола Груевски со писмо датумски испратено на 16 октомври барал последна сламка за спас од влијателни европски политичари за да не оди на издржување на двегодишната затворска казна, иако потоа пребега во Унгарија каде што доби азил.
Поранешниот македонски премиер им пишува на на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, еврокомесарката за надворешна политика Федерика Могерини, комесарката за човекови права на Советот на Европа Дуња Мијатовиќ и претседателот на Европската народна партија Жозеф Дол.
Од нив бара да испратат во Македонија меѓународни судии или да испарата своја мисија, бидејќи не верува независноста на македонското судство, а според него, на незаконит начин се прибавени и прислушкуваните материјали и не е дозволено нивно вештачење.
Во продолжение го објавуваме целосното писмо што го објави Алфа ТВ.





