Економија, финансии, бизнис

Контакт

Објавени имињата на шесте фирми за канабис на кои им е одземена лиценцата

Објавени имињата на шесте фирми за канабис на кои им е одземена лиценцата

Објавена е листата на фирмите за кои е предложено одземање на лиценците од страна на комисијата при Министерството за здравство.

Одземени се лиценците на скопската фирма Алфафарм Груп чии двајца косопственици се осомниочени за шверцот на марихуана од Македонија во Србија. Одземена е лиценцата и на ГринЛајф, чиј сопственик е во бегство и е осомничен во Србија за организација на шверцот и складот со 5 тони марихуана кај Крушевац. Голем дел од марихуаната откриена во Алфафарм пак била донесена од струмичката фирма ЦБД како и од Лајф плант., кои исто така ќе останат без дозвола.


  1. Alphafarm – констатиран кусок на сув цвет,необезбедено физичко обезбедување и видеонадзор
  2. Green Life – констатиран кусок на сув цвет и несоодветно пакување на сувиот цвет во сеф-соба.
  3. CBD Medplant – кусок на сув цвет во сеф-соба и недоставување целосна документација до Комисијата за купопродажба (доставено е само известување за транспорт).
  4. Life Plant – недостиг на видео надзор во внатрешните простории, необезбедено физичко обезбедување согласно законските услови и недоставување документација за купопродажба на сув цвет.
  5. Ata Farm – непостоење соодветен стручен кадар и необезбедено физичко обезбедување и видеонадзор.
  6. Kanabinoids – неисполнување на законските услови, недостиг на кадар, обезбедување и видеонадзор, како и констатирани несоодветни активности во дворот на правното лице (продажба на возила).

Слично

Поврзани вести