Економија, финансии, бизнис

Контакт

Објавени прашања за екстерно ако Заев не го укине наскоро

Објавени прашања за екстерно ако Заев не го укине наскоро

Државниот испитен центар според своите обврски и надлежности ги објави прашањата кои ќе им се паднат на учениците при екстерните тестирања за проверка на знаењето стекнато на предметите. На интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk  се достапни  околу 450 илјади прашања, а  20 проценти се обновени.

Сепак, можеби истите нема воопшто да важат ако Зоран Заев успее да формира нова влада и како што ветуваше со СДСМ што побрзо да се укине екстерното тестирање кое само нанесува штета во македонското образование. 

Тестирањата треба да се одржат од 5 до 9 јуни. Учениците полагаат два предмета по електронски пат.

Распоредите за тестирање ќе бидат објавени на 29 мај. Кој предмет ќе го полагаат учениците ќе дознаат три дена пред тестирањето.

Според последните законски измени за основно и средно образование, годинава новина е тоа што ќе бидат тестирани  учениците од шесто одделение до трета година средно, односно екстерно  нема да полагаат учениците од четврто и петто одделение.


Слично

Поврзани вести