ОБЈАВЕНИ ПОДАТОЦИ: Лани во земјата имало 24.601 илегални преминувања
Податоците на германската Влада, доставени до парламентарна група на нејзино барање покажуваат дека земјава е рекордер на балканската рута по бројот на илегални минувања на границата во 2019 година.
Се наведува дека во 2019 година во Македонија, која се наоѓа во првиот дел од балканската рута, евидентирани се 24.601 илегални преминувања, во Србија 17,642, во Хрватска само 4.075, а во Словенија 15.450. Бројот значително опаѓа кога станува збор за Босна и Херцеговина, каде се забележани само 6.039 илегални преминувања.
Слично
