Економија, финансии, бизнис

Контакт

Објавени имињата на македонските државјани кои загинаа во Србија

Објавени имињата на македонските државјани кои загинаа во Србија

Српските медиуми ги објавуваат имињата на загинатите лица во двата верижни судири на автопатот Белград-Ниш во кои животот го загубија најмалку 7 лица, а над 35 се повредени.

Во несреќата животот го загубиле двајца македонски државјани. Како што јавуваат локалните медиуми, загинатите државјани на Македонија се Бурим Д. и Љуљдим Р. (1981) година.

Во несреќата животот го загубиле и Марија Чајетин (1985) од Белград, Петрик Јан роден 1983 од Војводина. Овие лица загинале во сообраќајката на патот Белград-Ниш.

Животот, во сообраќајната несреќа случена на спротивниот правец Ниш-Белград, го загубила судијката од Апелациониот суд во Крагујевац,  Сузана Видановиќ, нејзиниот сопруг Миле Видановиќ, како и возал на товарно моторно возило Пеџа Антонијевиќ (1987).

фото Танјуг

Слично

Поврзани вести