Објавени имињата: Дузина пратеници не поднеле анкетен лист по престанок на функцијата
Дванаесет пратеници од поранешниот собраниски состав се уште не го поднеле анкетниот лист по престанок на функцијата, што е законска должност, информираше денеска Државната комисија за спречување на корупцијата.
Станува збор за Неџбедин Каремани, Арта Точи, Зоран Ѓорѓиевски, Фадил Зендели, Ферид Нухиќ, Самка Ибраимоски, Илија Николовски, Амди Бајрам, Александар Филиповски, Диме Велковски, Ѓулумсер Касапи и Татјана Прентовиќ.
- За сите ќе се покренат дејствија кои што се дел од прекршочната постапка, најави Билјана Ивановска, претседателката на Антикорупциска. Првиот човек на ДКСК додаде дека уште шест пратеници задоцниле со поднесувањето.
По завршувањето на своите функции пратениците треба да поднесат уште еден анкетен лист со кој ќе покажат со колкав и каков имот се стекнале во меѓувреме.
