Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБЈАВЕНИ БРОЕВИ: Сите сомнителни случаи на коронавирус може да се пријават

ОБЈАВЕНИ БРОЕВИ: Сите сомнителни случаи на коронавирус може да се пријават

Објавени се броеви на кои може да се пријават сомнителни случаи на коронавирус. 

Mинистерот за здравство Венко Филипче попладнево на својот Фејсбук профил објави телефонски броеви на кои може да пријават сите сомнителни случаи налик на коронавирус.

Се работи за 14 телефонски броеви со кои се покрива територијата на целата држава и се поделени на повеќе региони. Во објаснувањето Филипче наведува дека на овие телефонски броеви можат да се јават и сите оние кои пристигнуваат на територијата на земјава, а се сомневаат на одредени симптоми.

Вирусот се рашири во северна Италија, а еден случај веќе има и во Швајцарија. Сите балкански земји преземаат мерки за заштита. 


Слично

Поврзани вести