Економија, финансии, бизнис

Контакт

Објавени аудиоснимки: Заев преговарал со Мијалков преку посредник?

Објавени аудиоснимки: Заев преговарал со Мијалков преку посредник?

Две нови снимки на кои се слуша лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев беа објавени денеска на јутјуб на каналот „Мијачко Шилеже“ . Станува збор за телефонски разговор а гласот на соговорникот е мутиран.

Во првиот разговор се споменува името Сашо но не е споменат со презиме иако медиумите алудираат дека станува збор за Мијалков.

Заев бара писмено решение од финансиската полиција дека во Општина Струмица прекинуваат сите постапки на контрола и не е пронајдено ништо. На крајот на тонскиот запис Заев вели „нека повлечат сѐ со решение и нема да објавам ништо“.

Ова е транскриптот од тој разговор:

ХХ: Значи Сашо е спремен за договор. Сашо.

Заев: Јас преговарав со Сашо. Со Сашо кога се гледавме…

ХХ: Еве, јас ако ти ветам дека ќе…м?

Заев: Нека пушти решение бе, финансовата инспекција писмено решение, дека во Општина Струмица прекинуваат сите постапки на контрола и не е пронајдено ништо.

ХХ: Добро, чекај да запишам. Значи, да се пушти решение до Општина Струмица, од која институција, од кои сектори?

Заев: Финансова полиција. Дека ги прекинуваат сите постапки на контрола во Општина Струмица.

ХХ: Дека ги прекинуваат сите постапки…

Заев: …на контрола

ХХ: На контрола. На контрола врз Општината Струмица. На Струмица и дека се е регуларно.

Заев: Сѐ е регуларно, сѐ е согласно закон. Еве што ти викам, нека повлечат сѐ…они ме принудуваат на такви работи. Значи да не заврши да не доаѓаат, туку решение дека е завршено, океј нема да го подготвам пакетот, да тепам во тој правец и нема проблем. Нека повлечат сѐ со решение.

ХХ: Добро.

Во вториот разговор, Заев со непознатиот соговорник зборува за улогата на Петре Шилегов како претседател на второстепената комисија за јавни набавки.

Заев: Шилегов и Оливер излегле директно мавајќи по власта. Не знам во политиката што повеќе да очекувам.

ХХ: Шилегов?

Заев: Маваше.

ХХ: Второстепена комисија. Трпај пари и уживај, капата на криво. И свиркај си.

Заев: Немам дилема околу тоа, јасно ми е. Што бил, како правел, океј е.


Слично

Поврзани вести