Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБЈАВЕНА НЕСЛАВНАТА ЛИСТА НА ЗЕМЈИТЕ ВО ЕВРОПА СО НАЈВИСОКА СМРТНОСТ ОД КОВИД: И Македонија е во врвот

ОБЈАВЕНА НЕСЛАВНАТА ЛИСТА НА ЗЕМЈИТЕ ВО ЕВРОПА СО НАЈВИСОКА СМРТНОСТ ОД КОВИД: И Македонија е во врвот

На врвот на оваа листа се повеќе балкански земји. Прва е Бугарија, каде што поради компликациите од корона вирусот починале вкупно 31.838 лица, односно 4.635 на милион жители, а по неа следува Босна и Херцеговина каде има 4.215 починати луѓе на милион жители.

На трето место е Унгарија, на четврто е Црна Гора, а на петто е Македонија. Во сите три држави има помалку од 4.000 смртни случаи поради компликации од вирусот на милион жители.

Чешка е шеста, а Хрватска седма. Во Хрватска од корона вирус починале вкупно 12.983 луѓе, што значи дека починале 3.193 на милион жители. Во првите десет земји на листата се и Словачка, Романија и Сан Марино.


Слично

Поврзани вести