Економија, финансии, бизнис

Контакт

Објавена епска фотографија од ДУИ

Објавена епска фотографија од ДУИ

Функционерот на ДУИ, Назим Буши, денеска на 22-годишнината од формирањето на оваа партија, објави фотографија направена веднаш по основањето на раководните органи на „интегративците“.

Од тогаш ДУИ континуирано владее во Македонија со мал двегодишен прекин од 2006 до 2008. На 22-иот роденден на ДУИ извесно е дека нема да биде дел од новото владеачко мнозинство.

На фотографијата Буши, кој во моментов е министер за внатрешни работи откако на Панче Тошковски му истече техничкиот мандат, е заедно фотографиран со лидерот Али Ахмети во средината од групната фотографија.

„Ви благодариме што продолживте да го гледате ДУИ како гаранција за правичната застапеност на Албанците во секој аспект од животот, во развојот на економијата и благосостојбата на демократијата, а пред се фанатичното зачувување на евро-американската ориентација на Републиката Северна Македонија“, напиша Буши.

Слично

Поврзани вести