Објавен протоколот: Премиерот и министрите нема да треба да се тестираат кога ќе се вратат од странство
Владата го објави протоколот за излез и влез на државната граница за избрани носители на јавни функции вработени во Влада на Република Северна Македонија и министерства според кој истите нема да треба да се тестираат по нивното враќање во земјата.
Премиерот, министрите, замениците и секретарите може да патуваат во странство поради итни неодложни државни интереси како работни обврски од државен интерес, но задолжително потпишуваат изјава при излез од државата за доследно придржување кон пропишаните основни превентивни мерки.
Според постапките по враќањето од странство се спроведуваат одредени превентивни мерки во период од 14 дена од денот на влегувањето во државата за кој период не е потребно спроведување на тестирање за КОВИД-19.
Препораките се носење на заштитна маска со избегнување на допирање на лицето (очи, нос, уста) со рацете; често миење на раце или дезинфекција на раце за време на престојот надвор од државата, одржување на физичко дистанцирање од 1,5 – 2,0 метри и намалување на физички контакти (се забранува поздравување со раце) и препорака да не се користи јавен превоз и такси во местото на боравок.
Им се препорачува мерење на телесна температурата наутро, и доколку е поголема од 37,2 степени целзиусови или ако лицето има симптоми (треска, отежнато дишење, сува надразнителна кашлица) владиниот функционер треба да го контактира телефонски својот матичен лекар или ја известува регионалната епидемиолошка служба кои ќе одлучат за понатамошниот третман.

Доколку состојбата бара итна хоспитализација се повикува итна медицинска помош или со сопствено возило во придружба на еден член на семејството ја посетува најблиската КОВИД болница, со претходна најава по телефон.
Слично