Објавен повикот за туристички ваучери од 12.000 денари
Од денеска е објавен јавниот повик за туристички ваучери од 12.000 денари за работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари.
Повикот предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања а истите ќе може да се користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во земјата.
Повикот денеска е објавен на веб-страната на Министерството за економија, а предвидени се 15 милиони денари до исцрпувањето на средствата. Јавниот повик ќе трае до 30 јуни.
„Ваучерот за користење на средства за организиран одмор ќе може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2021 година, во некој од угостителските објекти од листата на пријавени угостителски објекти за сместување, објавена на веб- страната на Министерство за економија“, соопшти Владата.
Потврдата за користење на средства за организиран одмор се издава по принципот “прв дојден прв услужен“.
Повеќе детали може да најдете на веб-страната на Министерството за економија на следниот линк:
https://www.economy.gov.mk/doc/2974
