Економија, финансии, бизнис

Контакт

Објавен јавниот повик за инвертери

Објавен јавниот повик за инвертери

Градот Скопје, како една од мерките против загадувањето на воздухот, денеска го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за купување инвертери и други современи уреди за затоплување.

Со јавниот повик се опфаќаат сите инвертер клима уреди кои се купени од 1 јануари 2019 година иќе трае заклучно со 30 ноември 2019 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена.

Субвенционирањето на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за набавка на посовремени уреди за затоплувањеза 2019 година ќе се финансира од Буџетот на Град Скопје за 2019 година. Висината на субвенцијата ќе биде  во износ од 50% од вредноста на уредот, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход, додека јавниот повик ќе се реализира согласно со принципот „прв дојден прв услужен“.

На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење  без оглед на тоа дали го користат, кои имаат можност за приклучување на системот за централно греење, како и жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.


Слично

Поврзани вести