Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обилниот дожд ја поплави кујната во ОУ „Гоце Делчев“ во Центар

Обилниот дожд ја поплави кујната во ОУ „Гоце Делчев“ во Центар
Надлежните во општина Центар синоќа излегоа на терен за да ја увидат состојбата и да ги санираат последиците предизвикани од силниот пороен дожд кој паѓаше во попладневните часови во Скопје. Кујната во О.У. Гоце Делчев беше поплавена поради градската канализација која не може целосно да ја апсорбира водата од околните улици. Службите на општина Центар до полноќ ја испумпаа водата од кујната, а денеска повторно се врши дезинфекција и кујната ќе биде оспособена за работа, ветуваат од општината. Исцрпена е водата и санирана е состојбата во ОУ Ј.Х. Песталоци и во градинката кај Универзална Сала. Подруми и подземни гаражи беа наполнети со вода, а по пријави од граѓаните, службите од општина Центар пристапија кон нивно чистење. Општина Центар е подготвена да се справи со проблемите доколку се повторат обилните врнежи и поплавите, стои во соопштението на општинските власти.
Слично

Поврзани вести