ОБИЛНИ ВРНЕЖИ: Mожни ли се излевања на реки?
Времето денеска во цела Македонија е облачно со врнежи од дожд.
Врнежите се пообилни во западните, централните и југоисточните делови.
До крајот на денот ќе се задржи облачно време со врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во текот на ноќта, при што пообилни ќе бидат во централните, а особено во југоисточните делови.
Во Скопската Котлина ќе има врнежи од дожд со променлив интензитет, а повремено ќе бидат поинтензивни.
Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 10 до 15 Целзиусови степени. Се очекува на некои места врнежите да надминат 70 литри на метар квадратен.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), влажниот бран што ја зафати Македонија се очекува да предизвика зголемување на водостоите на реките, кои сè уште се под просекот за ноември. На некои места се можни локални излевања.
