Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБИЛНИ ДОЖДОВИ: Струмица рекорден со 71 литар на метар квадратен

ОБИЛНИ ДОЖДОВИ: Струмица рекорден со 71 литар на метар квадратен

Ноќеска врнеше во цела Македонија. 

Најмногу дожд падна во Струмица, односно 71 литар на метар квадратен. 

Наврнаа 8 литри дожд на метар квадратен во Крива Паланка, 14 во Штип, 16  во Битола, 17 во Дебар, 18 во Скопје, Берово, Охрид, 19 во Прилеп, 20 во Виница, 21 во Гевгелија, 22 во Тополчани, 23 во  Демир Капија, 24 во Маврово, 25 во Претор, Крушево, 26 во Тетово, 28  во Куманово, Лазарополе, 32 во Пожаране, 35 во Дојран, 36 во Ѓуриште. 

Времето денеска ќе биде претежно облачно и свежо време со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни, особено во претпладневните часови. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер, особено изразен во северните делови.

Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен во северните делови. В сабота ќе има слаби локални врнежи од дожд. Од почетокот на наредната недела се очекува стабилно и потопло време.

Слично

Поврзани вести