Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обилни дождови се очекуваат во западните делови на Македонија

Обилни дождови се очекуваат во западните делови на Македонија

Обилни дождови денеска се очекуваат во западните делови на Македонија. 

Времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд. Тие на планините и на некои повисоки места во северните делови ќе бидат од снег. Најобилни врнежи се очекуваат во западните делови (локално над 20 л/м2). Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието, а дневната температура значително ќе опадне. Минималната температура во Македонија ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната од 5 до 13 степени.

Слично

Поврзани вести