ОБИЛНИ ДОЖДОВИ, НО И ПРВИОТ СНЕГ: Вечерва се очекуваат нови интензивни врнежи, еве како ќе биде следните денови
Моќниот Џеновски циклон, освен обилни врнежи од дожд и невреме, го донесе и првиот снег на планината Јабланица, на Попова Шапка и во Маврово, каде снежната граница се спушти на 1600 м.н.в.



Фото: Skimacedonia.mk
Овој циклонски систем понатаму ќе се поместува кон исток и југоисток, со што врнежите ќе се намалуваат и ќе престанат.
Нови врнежи од дожд, локално поинтензивни и во западните предели ќе има во текот на вечерва, потоа во понеделник и во вторник ќе имаме преодно стабилизирање на времето.
Нов поголем влажен бран од запад и од северозапад Македонија ќе ја зафати во среда и ќе донесе нови обилни врнежи од дожд, локално проследени со појава на грмежи. Тогаш повторно на високите планини ќе има услови за врнежи од снег, пишува Славчо Поповски.
Температурите нема многу да се менуваат, однсоно остануваат релатино над просекот за овој период од годината.
Да напоменеме дека утре повторно ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од 60 до 80 км/час).
Досега на повеќе места низ Македонија има наврнато над 30 литри дожд, а најмногу има наврнато во Маврово, дури 98 литри.
