Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oбилни дождови ќе има во Македонија, утре постудено

Oбилни дождови ќе има во Македонија, утре постудено

Oбилни дождови ќе има викендов во Македонија. 

Врнежите ќе добијат на интензитет во текот на ноќта и утре. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20л/м2) проследени со локална појава на грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе се движи од 16 до 22 степени. Утре ќе преовладува облачно и студено време со повремени врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса, на планините и на некои повисоки места претежно во северните делови, врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 км/час). Дневните температури позначително ќе опаднат, особено на север од Македонија. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно со раст на дневните температури. Откако почна пролетта имаме малку постудено време, невообичаено за овој период од годината. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести