Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обиени просториите на партијата на Стоиљковиќ, за ВМРО-ДПМНЕ ова е скандал

Обиени просториите на партијата на Стоиљковиќ, за ВМРО-ДПМНЕ ова е скандал

Седиштето на Демократската партија на Србите во Македонија во Скопје, чиј претседател е пратеникот Иван Стоиљковиќ, синоќа е обиено од непознат сторител.

Обиена е вратата, а внатре имало претурање по документите.

Стоиљковиќ вели дека се работи за обид за политички притисок и заплашување на членството. Додава дека случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи.

ВМРО- ДПМНЕ најостро го осудува вандалскиот чин на обивање на седиштето на Демократската партија на Србите во Македонија. 

„Да се нападне и да се претура по седиштето на партијата во предизборен период е скандал кој остава темна дамка на демократијата и на предизборниот процес. ВМРО- ДПМНЕ бара Министерството за внатрешни работи конечно да почне да ја врши улогата и обврските кои ги има согласно Уставот и законите. Наместо да се злоупотребува униформата и ресурсите во политички цели, министерството мора веднаш да ги пронајде виновниците на овој вандалски чин и да ги изведе пред лицето на правдата. Во спротивно, нивното неказнување ќе биде уште една порака која ќе ги поттикне насилниците да предизвикуваат уште вакви инциденти во предизборниот период“ - се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Откако почна кампањата имаше напад на повеќе штабови на двете најголеми партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. 

Слично

Поврзани вести