Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБИД ЗА УБИСТВО ВО СТРУШКО - пукал во возачот, и наредил на сопатничката да влезе во неговиот автомобил

ОБИД ЗА УБИСТВО ВО СТРУШКО - пукал во возачот, и наредил на сопатничката да влезе во неговиот автомобил

Жител на селото Лескоец, Охридско е уапсен и ќе биде обвинет за обид за убиство откако нападнал жител на Охрид, во кого пукал додека седел во неговиот паркиран автомобил 

- СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Т.(40) од охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Убиство во обид “ по чл.123 од Кривичниот законик. 

Тој, на 30.12.2025 година околу 01 часот, на локалниот пат во близина на струшкото село Ливада, со огнено оружје пиштол пукал кон паркиран автомобил „Голф“ и на возачот Џ.Д.П.(40) од Охрид, му нанел тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга. 

Потоа, со закани кон сопатничката во возилото, ја принудил да влезе во неговиот автомобил - се посочува во објавата на МВР.


Слично

Поврзани вести