Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБИД ЗА УБИСТВО: Велешанец со кабел ја претепал сопругата

ОБИД ЗА УБИСТВО: Велешанец со кабел ја претепал сопругата

Велешанец на возраст од 57 години e осомничен за обид за убиство на својата сопруга.

Тој ја тепал сопругата со кабел и ѝ се заканувал дека ќе ја убие. Од ударите жената добила повеќе повреди по целото тело и скршеница на едната рака.

Основното јавно обвинителство Велес отвори истрага против него. 

„Осомничениот во текот на вчерашниот ден се обидел да ја лиши од живот својата сопруга при вршење семејно насилство, така што ѝ пришол и со кабел од шина почнал да ја удира по телото. Од ударите оштетената паднала на подот. Осомничениот не ѝ дозволувал да стане, туку ѝ се заканувал дека ќе ја однесе во гробот на мајка ѝ, ќе ѝ ја затвори устата така што ќе ѝ ја наполни со крпа и дека ќе ѝ го скрши черепот“, стои во соопштението.

Тој продолжил да ја удира со кабелот по целото тело и престанал дури кога во куќата дошла нивната ќерка. Од ударите жената добила повеќе повреди по целото тело и скршеница на раката.

Јавен обвинител до судот достави предлог за определување притвор за осомничениот.​

Слично

Поврзани вести