Обид за силување во касарната во Куманово
Вработена во АРМ пријавија дека војник се обидел да ја силува во касарната во Куманово.
Завчера, во 19.20 часот, во кумановската полиција вработена во АРМ пријавила дека претходниот ден околу 13 часот во касарната „Боро Менков“ колега се обидел да изврши обљуба над неа.
Министерството за одбрана најстрого осудува секаков обид за сексуално вознемирување, се вели во реакција на Министерството за одбрана. „Сексуалното вознемирување во Армијата е апсолутно недозволиво. Случајот се испитува и доколку се докаже министерството ќе има нулта толеранција. Никој не смее да помисли да ги вознемирува припадничките на Армијата и да го намалува угледот на Армијата“, стои во реакцијата.
