Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обид за разбојништво на скопска бензинска пумпа

Обид за разбојништво на скопска бензинска пумпа

Вработен на бензинска пумпа во Чаир вчера околу 19 часот пукал по разбојник кој се обидел да го ограби. 

Инцидентот се случил на улицата „Македонско-Косовска Бригада“. Разбојникот  бил маскиран, ја искршил влезната врата и едно странично стакло. Кога вработениот го забележал, тој се обидел да избега. Но, вработениот истрчал надвор и во паника испукал еден куршум во воздух од пиштол кој го поседувал со дозвола. Случајот е пријавен во полиција. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.


Слично

Поврзани вести