Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обид за купување гласови и во Демир Хисар

Обид за купување гласови и во Демир Хисар

Д.С. од Демир Хисар, набљудувач од ЦИВИЛ  забележала дека во три села двајца директори нуделе поткуп на гласачи. 

Поткуп се нудело во селата Брезово, Зашле, и Мало Илино, дознава Фактор. За гласање се нуделе 1000 денари. За случајот снимени се изјави од сведоци.  Случајот е пријавен во СВР Битола. 

Од ЦИВИЛ соопштија дека денеска дошол до аудио сведоштво за купување на гласови во Демир Хисар. Оттаму велат дека купувањето на гласовите е дел од неколку извештаи и на други набљудувачи.

„Моментално, се верификуваат другите пријави за поткуп на гласачи од повеќе различни општини. Очигледно е дека поткупот зема замав во вториот дел од денешниот ден на изборен молк“ -  потврдуваат од ЦИВИЛ. 

ЦИВИЛ бара да се престане со купување гласови и итна интервенција на надлежните институции за да се спаси изборниот процес. 


Слично

Поврзани вести