Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обид за кражба на автомобилот на македонската амбасада во САД

Обид за кражба на автомобилот на македонската амбасада во САД

Крадци од Вашингтон пред два дена се обиделе да го украдат автомобилот марка Киа во сопственост на македонската амбасада во САД. Информацијата ја објави новинарот Алан Хени, кој е специјализиран за известување за криминал и црна хроника во Вашингтон.

Според неговата објава на Твотер, федералната тајна служба, задолжена за безбедност на дипломатите во Вашингтон и за испитување на кривични дела поврзани со дипломатите во САД, ја истражува кражбата.

Возилото имало оштетен систем за палење на автомобилот откако крадците не успеале да ја реализираат својата цел. Инцидентот се случил во областа Тракстон Серкл во главниот град на САД, на околу 4 километри растојание од Амбасадата на Македонија во САД.


Слично

Поврзани вести